Премиерот Никола Груевски и грчкиот колега Јоргос Папандреу на средбата на маргините на Европскиот Совет во Брисел изразиле подготвеност за изнаоѓање решение околу прашањето за името, решение кое би се остварило низ дијалог и динамичен процес под покровителство на ОН, соопшти македонската делегација.
На средбата која е дел од континуираниот македонско-грчки дијалог и е во насока на подобрување на квалитетот на односите меѓу двете земји двајцата премиери разговарале за прашањата од взаемен интерес, економските ситуации и предизвици во двете земји и за состојбите во регионот.
Македонскиот и грчкиот премиер изразија подготвеност за изнаоѓање на решение околу прашањето за името, решение кое би се остварило низ дијалог и динамичен процес под покровителство на Обединетите Нации.
Извор: Нетпрес