Доколку сакате да ја постигнете посакуваната тежина, мора да ја регулирате вашата исхрана.
Многу е важно да обрнете внимание на нутритивните и енергетските вредности на секој пијалок. Од друга страна, исто така има и пијалоци кои се корисни за губење на тежината, а тие се:
Вода
Најважниот сојузник во губење на тежината е водата која учествува во метаболичките процеси во телото. Додека 20% од водата се надоместува преку внесувањето на храна, остатокот треба да се внесе со течност. Водата не содржи калории, па затоа е најдобриот избор за надокнадување на течноста за време на слабеењето. Истражувањата откриваат дека внесувањето на една чаша вода 20 минути пред оброците влијае врз помалиот калоричен внес за време на оброците.
Кофеин
Тука спаѓаат кафето и чајот. Кафето се препорачува без засладувач, а доколку користите млеко во кафето, погрижете се да биде во помала количина. Корисно е да пиете зелен чај затоа што има корисен ефект врз целокупното здравје, но исто така помага во губење на тежината. Некои состојки кои ги содржи овој чај ја зголемуваат потрошувачката на енергија и го забрзуваат метаболизмот.
Природен сок
Најздраво е да пиете сок којшто сами ќе го подготвите, како што е сок од портокал или сок од лимон. Ако свежо исцедениот овошен сок е густ, секогаш можете да додадете вода и да го разредите. Доколку преферирате сладок вкус, како засладувач можете да додадете мед во сокот.