Направете сами дезедоранс за осетлива кожа

popara5 февруари, 20191min00
deo

Истражувањата покажаа дека повеќето иритации кои се појавуваат на местата каде што се потиме, не се предизвикани од потта, туку од препаратите со кои ги третираме.

Состојки:

  • 3 лажички кокосово масло
  • 1 лажица течно шеа масло
  • 3 лажици пченкарен скроб
  • 3 лажици ару- прав (или пченкарен скроб)
  • 5 капки CO2 екстракти од шумски мов
  • 5 капки етерично масло од лаванда
  • 5 капки етерично масло од мандарина

Измешајте ги пченкарниот скроб и ару правот, постојано мешајќи ги, додадете кокосово масло, течното шеа масло и останатите додатоци. Истурете ја смесата во стаклен или лимен сад и употребете колку што е потребно. Овој дезодоранс може да се нанесе на влажна и сува кожа под пазувите, а најдобро е да се чува во добро затворена амбалажа на собна температура. Има рок на траење до шест месеци.