– Се зборува дека имале тајна венчавка во нивната куќа, каде што присуствувале само тие и децата! Тоа го сакала Сандра. Немаше фанови, фотографи, пријатели, семејства или било каков вид на лудило. Присуствуваа само луѓе кои им се навистина важни, а тоа се децата на Сандра. Прославата помина одлично, исто како и четирите години кои парот ги помина официјално заедно. И сè беше многу скромно и без скапи работи или барања. Како што објасни изворот, во еден момент на забавата дошол близок пријател за да биде сведок додека двојката ја кажува заклетвата.-
Го направија тоа, Брајан и стави прстен на раката, потоа ја бакна, и тоа беше тоа! Тие станаа маж и жена – признава изворот.
https://www.youtube.com/watch?v=6Vj_UMnRc-A
Иако менаџерот на Сандра негираше дека овој настан навистина се случил, Брајан во јавноста е виден со неговиот прстен на раката, додека Сандра, сепак не беше. Како што понатаму објаснува изворот, тоа е затоа што не сакаат медиумско внимание, за кое е сигурна дека нејзиниот брак ќе го предизвика. – Таа го сака својот сопруг, но не сака споредување. Она што и го направи нејзиниот поранешен сопруг се уште ја прогонува. Таа не сака да и застане ништо на патот на среќата – тврди изворот.
https://www.instagram.com/p/BnRQZ-iHWWC/?utm_source=ig_embed