Поп-ѕвездата Џастин Бибер веќе шест месеци е во брак со моделот- Хајли Болдвин, но до најавената црковна венчавка и прослава никако да дојде. Дека младите брачни другари имаат проблеми во рајот, докажува и тоа дека Хајли посети адвокат за да се посоветува за развод, бидејќи, како што велат извори, однесувањето на Џастин е неподносливо.
-Џастин се оддалечи од Хајли со изговор дека му е потребно малку простор и затоа таа сака да се разведат, изјави извор за списанието „Heat“. Дека работите не функционираат најдобро, исто така, покажува и тоа дека Џастин престана да ја носи бурмата, поради што манекенката тагува.
– Бурмата за Хејли симболизира љубов и верува дека со тоа што Џастин ја извадил испраќа јасна порака до светот – откри извор за „In Touch“.