
За најпопуларниот моден настан во годината, ѕвездите од светот на модата, филмот и музиката се подготвуваат со месеци за да заблескаат на црвениот тепих.
Од ријалити ѕвездата Ким Кардашијан се очекува многу, но се чини дека овој пат таа успеа да ги надмине сите очекувања.
Таа Мет Гала забавата се појави во скапоцена креација на Тери Муглер, која ја подготвувала дури осум месеци. Постигнатиот ефект беше неверојатен – Ким изгледаше како тукушто да излегла од вода, а исто така се потруди и за забавата подоцна – таа одбра син тесен фустан, кој ги истакнува нејзините облини, а нејзиниот изглед го надополни со сребрена перика.