Пиењето по две чаши обична негазирана вода пред појадокот, ручекот и вечерата може да ви помогне да се решите од вишокот килограми, покажало едно неодамнешно истражување.
Две групи на луѓе кои имале вишок килограми биле испитаници и имале задача да се придржуваат на нискокалорични диети, а една од нив била пред секој оброк да се испијат по две чаши вода.
Припадниците на групата која имала задача да пие вода пред оброците, по 12 недели ослабнале нешто повеќе од 7 килограми во просек, додека другите испитаници едвај губеле по 5 килограми.
Оние кои продолжиле со оваа навика, во наредните години изгубиле уште половина од вишокот килограми и тоа без држење други диети.
Студијата ги испитувала ефектите од пиењето вода пред оброците само кај средновречните и постарите луѓе, а експертите веруваат дека ова е здрава стратегија за сите оние кои сакаат да ги отстранат вишокот килограми.