И додека во изминатите неколку години инфуенсерките и трендсетерките се натпреваруваат која ќе предизвика повеќе реакции и ќе добие повеќе лајкови за новиот пар сандали или необични римјанки, оваа година ситуацијата е сосема поинаква. Instagram е преплавен со фотографии од девојки во сите модели на патики кои ги комбинираат со различни модели на облека. Повеќе не е важно дали се романтични, секојдневни, лелеави или цветни … апсолутно можат да се вклопат со секое ваше омилено летно парче, а покрај тоа што комбинацијата изгледа многу слатко, ќе се согласите дека ниту едни чевли не можат да бидат толку удобни како патиките!