Кога веќе секоја од нејзините сестри има сопствен моден или beauty бренд, зошто тоа не би го направила и Кендал Џенер, најплатената манекенка во светот?
Таа го лансираше брендот Moon кој ќе се занимава со производство на пасти (оние кои ги отстрануваат дамките, содржат активен јаглен и нане) и четки за заби.
Сите производи ќе можат да користат и вегани бидејќи производите нема да бидат тестирани на животни.