Бред Пит и Леонардо Дикаприо го украдоа шоуто во Кан, појавувајќи се на премиерата на филмот „Once Upon a Time in Hollywood“, во придружба со нивната колешка кој ја толкува една од главните улоги во филмот, Марго Роби и режисерот Квентин Тарантино.
Овациите од 7 минути не се толку изненадувачки кога ќе се појави ваков тим на чело со легендарниот Тарантино.
Пит и Дикаприо беа усогласени во црни костуми со лептир машни и со добро расположение позираа пред фотографите.
Многумина се радуваат на овој филм бидејќи холивудските шмекери за првпат снимаат заедно, не земајќи го во предвид краткиот филм „The Audition“ од 2015. година.