Во моментот кога беше објавен податокот дека е една од најплатените актерки во светот, Шарлиз Терон во голема исповед призна дека со години користела кокаин и екстази, дека била во депресија поради вишокот килограми и дека денес се бори со опсесивно-компулсивно нарушување.
Холивудската актерка Шарлиз Терон (43) во текот на нејзините дваесетти години често пиела и зимала многу дрога, а во триесеттите години таа го открила новиот непријател – опсесивно-компулсивно нарушување (OCD). За сето ова, како и за борбата со депресија поради вишокот килограми, таа зборуваше во интервју за списанието Marie Claire, само неколку дена откако таа беше именувана за една од најплатените дами во филмската индустрија. Според списанието Variety, Шарлиз, со уште три колешки, е единствената што може да им парира со хонорарите на познатите холивудски мажи и заработува околу 10 милиони долари по филм.
Во опсежната исповед, актерката призна дека во младоста чувствувала притисок дека треба да искуси што е можно повеќе од животот.
– Во дваесетите години бев дива и сакав да пробам сè. Консумирав кокаин, екстази, марихуана. Меѓутоа, во еден момент не можев да станам од фотелјата, бев неподвижна и сфатив дека веќе не оди така. Сакав повторно да живеам со „полна пареа“, да го заобиколам светот и на пример, да ја прошетам Турција само со ранец на грбот, и тоа и го направив. Не сакав во староста да жалам за пропуштените можности. Таа, исто така, раскажа дека за време на честата криза за кокаин имала впечаток дека животниот часовник отчукува.
– Се чувствував како да немам време за сè, дека времето ми истекува и се ближи смртта.