Маслото од каннабидиол или CBD е состојка која во последно време се повеќе ja гледаме во одлични производи за нега на кожата. Иако се добива од билката канабис, ова масло нема психоактивни ефекти и сосема е безбедно за употреба на кожата, а во производите за нега на кожата е се повеќе присутно поради соединенијата со антивоспалителни и хидратациски својства. Идеалнно е за регулирање на создавањето на себум што води до проширени пори, а делува благотворно и за акни и за сите проблеми со кожата.
Сите производи со оваа состојка се релативно нови и нема да ги најдете на полиците во локалните аптеки, но онлајн понудата е навистина богата, а нас особено не освоија производите на Milk Makeup со CBD масло, како што се маската за лице, балсамот за усни, и одличниот пример со додаток на хијалуронска киселина и витамин Б комплекс.
Во галеријата, откријте ги 15-те одлични производи за нега на кожа со CBD масло.