Пејачката од Барбадос неодамна започна соработката со LVMH групацијата, но сепак се уште треба да се докажува во светот на модната индустрија.
Како музичар со 8 студиски албуми и стотици хитови, Ријана се покажа како една од најталентираните пејачки денес.
Дека трудот и работата во музичката кариера се исплателе, сега официјално потврди и Форбс кој ја прогласи Ријана за најбогатата пејачка на светот, чие богатство се проценува на неверојатни 600 милиони американски долари.
Ријана сега е на листата пред легендарната Мадона со 570 милиони долари, Селин Дион со 450 и Бијонсе со 400 милиони долари.