Слободното ѕидарство во Кралството СХС-Југославија (1919-1941 година) – втор дел

25 јуни, 20110
naslovna

Создавање на Голeмата ложа на Кралството СХС “Југославија“ (1919 година) – втор дел

Во присуство на сите членови на Југословенската Големата Matica lože k Ljubavi Bližnjega, како и Jovan Aleksijević, генерален секретар на Врховниот совет на Србија, на 6 Февруари 1919 година се одржа седница на која се расправаше за обединување на Југословенската Големата Matica lože k Ljubavi Bližnjega со ложите од Србија, кои беа под закрило на Врховниот совет на Србија и единствената врховна масонска влaст.

Заклучокот од оваа седница беше едногласен:

Водени од желбата, за целосно единство (помеѓу народот и државата) во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците и за постигнување на единство кај масоните, се одржа седницата во Загреб на која учествуваа членови на југословенската Голема Matica lože k Ljubavi Bližnjega, претставник од Врховниот совет на Србија братот Jovan Aleksijević, генерален секретар и голем канцелар во советот и беше изгласана следната резолуција:

Југословенската Големата Matica lože k Ljubavi Bližnjega, со своите потчинети ложи “Maksimilijan Vrhovac”,“Grof Ivan Drašković” и “Budnost” како и сите останати ложи во Србија односно ложите “Pobratim”, “Šumadija”, “Sloga, Rad I Postojanstvo” се обединуваат во нова Голема масонска власт, која ќе се именува како Голема ложа на Срби, Хрвати и Словенци “Jugoslavija” со седиште во Белград. Првото собрание кое беше свикано за потпишување на новата Конституција на новата Голема ложа се одржа во Загреб.

Извесен период пред тоа, додека сеуште не беше потпишан мировниот договор, во Белград во Февруари 1919 година во Хотел Гранд, се одржа Седница на Врховниот Совет на Србија, на која се изнесе потребата за основање на Голема ложа. Сите браќа едногласно го прифатија предлогот и се доби согласност од страна на ложите во Загреб и Осијека. Кога беше донесена оваа одлука, браќата од Белград и членовите на Врховниот Совет сеуште не беа известени дека во Загреб на ден 11 Јануари 1919 година се основаше Големата Matica lože k Ljubavi Bližnjega која имаше за цел да соработува со браќата од Белград и да пристапи кон обединување на сите.

За време на одржаната седница на Сојузното Собрание на Југословија (8 Јуни 1919 година), Големата Matica lože k Ljubavi Bližnjega, на кое како претставници од Врховниот Совет на Србија беа Jovan Aleksijević, Petar Šreplović и Damjan Branković, се договорија околу деталите за конечното формирање на Големата ложа на Кралството СХС. Свечениот настан кој има огромно историско значење за слободните ѕидари, се одржа на 9 Јуни 1919 година, кога на свечена церемонија се обединија сите слободноѕидарските ложи.

На оваа церемонија беше заклучено дека, на територијата на Југославија треба да се основа Голема Ложа на СХС “Jugoslavija” со седиште во Белград, која ќе ги вклучува хрватските ложи “Maksimilijan Vrhovac”, “Budnost”, “Grof Ivan Drašković” како и српските ложи “Sloga, Rad I Postojanstvo”, “Pobratim” и “Šumadija”.

За време на предконференцијата за Конституцијата, Големиот Мајстор го даде предлог нацртот за Конституциите и се донесе одлука веднаш да се избере одбор кој ќе ги изгради дефинитивните конститути, а во наредното Собрание истите да бидат прифатени.

После тоа се како прв Голем мајстор на Големата ложа на СХС “Jugoslavija” едногласно беше избран Đorđe Vajfert.

Понатаму, според спогодбата за едногласно избирање (per acclamation) беа избрани останатите членови на Големата ложа:

  • Dr. Adolf Mihalić, Прв заменик Голем мајстор
  • Manojlo D. Klidis, Втор заменик Голем мајстор
  • Dušan Miličević, Прв Голем надзорник
  • Dr. Ljubo Tomašić, Втор Голем надзорник
  • Jova Aleksijević, Прв Голем секретар
  • Miša Cukić, Втор Голем секретар
  • Veljko Tomić, Голем говорник
  • Pera Šreolivić, Голем благајник
  • Dr. Vladimir Katičić, Голем домаќин
  • Dr. Radenko Stanković, Голем испитаник
  • Milan Antonović, Голем обредник (задолжен за спроведување на ритуалите)
  • Anton Šmit, Голем носител на знаме
  • Marjan Hanžeković, Голем дворник
  • Dr. Franjo Hanaman, Голем носач на мачеви
  • Dimitrije Janković, Голем добротворец

По изборот на членовите на Сојузното собрание, Adolf Mihalić изјави дека Големата ложа на Срби, Хрвати и Словенци “Jugoslavija” со седиште во Белград е формирана според древните, основнитеправила и конститути.

Според Конституциите на Големата ложа на СХС “Jugoslavija”, Сојузот претставува здружение на слободни ѕидари и во него се содржани законите кои се базираат на “Старите должности на слободните ѕидари“.

Така што, “секој човек без разлика на своето занимање и својата положба има право да стане член на друштвото“, а според едно од начелата на Конституцијата “слободнот ѕидар се именува како Брат, а сојузот се смета за Братски Сојуз. Потребно е да негува и да се шири братската љубов кон своите најблиски и профани кругови.“

Југословенските масони во својата Конституција имаат запишано дека е потребно да се почитува Семоќниот Градител на Сите Светови и да се има толерантност кон секоја вера. Притоа, Сојузот не припаѓа на ниту една секта или догма; не врши никакви верски или црквени ритуали. Во него секој Брат се почитува, без разлика на неговата вероисповед.

Масонскиот Сојуз е најголем противник на ограничувањето на индивидуалната слобода, на изборот на вероисповед и на сопствено мислење, поради тоа ги користи сите легални средства за да спречи вакво ограничување.

Југословенските масони ја сакаат својата татковина; тие се лојални и верни; ја бранат нејзината, слобода и суверенитет, притоа го одржуваат внатрешниот ред и мир. Според тоа, тие можат да учествуваат во секојдневниот јавен живот; но потребно е да се придржуваат на масонските принципи, бидејќи на овој начин допринесуваат за подигање на благосостојбата во општеството (VI начело).

Според VIII начело од Конституцијата, во Сојузот се примаат само слободни луѓе, кои се со веќе изграден добар авторитет и ги негуваат доблестите и моралот во општеството. Воопшто не е важна националната припадност и вероисповедта на членовите, но и нивната положба во општеството. Не е дозволено пропаѓирање за членството, туку се бара дискреција и доколку некое лице доброволно побара да биде дел од слободното ѕидарство, може да се приклучи кон Масонската фамилија.

Според Конституцијата во југословенското слободно ѕидарство забрането е да се издаваат знаковите за распознавање, а исто така се бара да бидат лојални и верни на законите на својата ложа. Совесно ги чуваат тајните на сојузот; ги бранат масонските интереси и ги избегнуваат дебатите поврзани со масонски прашања.

Големата ложа на СХС “Jugoslavija“, е единствената најголема масонска влас во Србија, Хрватска и Словенија, а ја сочинуваат Годишно Собрание, Голем мајстор, Сојузен одбор, Управен одбор и јовановските ложи. Највисок орган претставува Годишното Собрание кое суверено ги решава сите поднесени предмети. Годишното Собрание се состанува редовно во март секоја година и вонредно на предлог на Сојузниот одбор или доколку биде побарано од две третини од ложите.

Големиот мајстор претставува непосреден Старешина на Големата ложа “Jugoslavija“, тој е најавторитативен претставник на масоните во државите, Србија, Хрватска и Словенија. Потребно е да се грижи за придржување кон Конституциите и за масонските начела; ја одржува слогата и единството меѓу членовите на сите ложи во Југославија. Со својот авторитет го шири масонскиот дух, го одржува редот во ложите, ја поддржува братската љубов меѓу членовите.

Сојузниот одбор ја водеше работата на Големата ложа на СХС “Jugoslavija“, вршеше надзор на нејзините активности и ја претставуваше во странство, а членови беа сите големи службеници и уште по двајца претставници од трет степен од секоја ложа (Член 36).

По правило Сојузниот одбор се состануваше еднаш на секои три месеци, а доколку има потреба Големиот мајстор има право да го свика (Член 40).

Управниот одбор претставува “егзекутивен орган на Сојузниот одбор“, а се состои од Голем мајстор (или од неговите претставници), од првиот Голем секретар (овие два членови се редовни), од Големиот благајник и Големиот говорник (овие два се вонредни членови) (Член 42).

Големиот мајстор во секоја ложа именува еден од тројцата предложени кандидати од трет степен за свој “Повереник“ (Член 44), а нивната обврска е следење на работата на ложите, односно дали се придржуваат кон Конституцијата, Ритуалите, Статутот и Домашни одредби, а потоа на секои три месеци се поднесува извештај до Сојузниот одбор (Член 45).


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi