За овој чин тие го избраа италијанскиот остров Капри, каде пристигнаа во друштво на најблиските.
Славната манекенка Хајди Клум и нејзиниот избраник, музичарот Том Каулич, дадоа завет за вечна љубов.
Според странските медиуми, тие ги рецитираа заветите за бракот и направија голема прослава на овој романтичен остров.
Двојката тајно се венчаше во февруари, што само од неодамна се дозна во јавноста.
Тие пристигнаа на Капри со брод, придружувани од пријатели, но не успеаја да ги избегнат папараците што ги пречекаа.
Хајди блескаше во бел чипкан фустан, а покрај тоа што разговараше и се смееше со пријателите, таа и Том се прегрнуваа цело време и разменуваа бакнежи.