Брачната двојка Clooney, 41-годишната адвокатка за човекови права Аmal и 17-годишни постариот актер George, после гласините за проблемите во бракот, повторно очекуваат близнаци, пренесува Latin Times. Претходно оваа недела, извор за списанието изјави дека за време на престојот на нивниот италијански имот на езерото Комо, Аmal имала труднички стомак, а наводно тоа го забележал фотограф кој има докази за тоа.
Изворот, исто така, кажа дека George во исто време е многу возбуден и многу загрижен за веста дека ќе добие близнаци. Иако навистина ужива во татковството, тој се грижи како покрај двегодишните близнаци ќе одгледаат уште две мали деца. Истиот извор исто така изјави дека новата бременост направила Amal и George да се зближат повеќе од кога било.
Двојката, исто така, посветено работи на решавање на проблемите што доведоа до потешкотии во нивниот брак. George ретко оди во Лос Анџелес и тој и Аmal редовно одат на брачно советување. „Не се расправаат веќе толку често“, рече изворот. Наводно, George е толку возбуден за пристигнувањето на новите бебиња што веќе размислува за тоа кого ќе одбере за кум, а најверојатно таа улога ќе му припадне на поранешниот претседател Barack Obama. Пријателките на Amal, војвотката од Сасекс Meghan Markle и поранешната прва дама Michelle Obama, веќе планираат baby shower.
Потсетуваме, парот е во брак од 2014. година и во 2017. година станаа родители на близнаците Alexander i Ellа.