Ова куче е херој! Скокна во водата за да го спаси своето мало другарче!
19 август, 20190
Кучињата се неверојатни животни кои секогаш нè воодушевуваат.
Интернетот е воодушевен од видеото кое доаѓа од Кина. Во провинцијата Гуангдонг, е снимено куче кое направи нешто херојско.
Имено, ротвејлерот стоеше на брегот додека недалеку во чамче имаше кученце кое цивкаше бидејќи не можеше да стигне до брегот. Ротвејлерот тогаш направи нешто што ги воодушеви сите – тој скокна во водата и го повлече чамчето кон брегот.