Познатата манекенка Ирина Шајк (33) и нејзината двегодишна ќерка Леа уживаат на Ибица, а со нив е дадилката која и помага на убавата русинка околу своето дете.
Зад Ирина е бурен период бидејќи неодамна се раздели и се отсели од домот на нејзиниот сега поранешен партнер и татко на малата Леа, актерот Бредли Купер. Судејќи според фотографиите, љубовните јадови успешно заздравуваат, а нејзината совршена фигура сведочи дека е подготвена за нови деловни предизвици.