Кресида Бонас и принцот Хари беа во врска од 2012. до 2015. година, а раскинаа затоа што на Кресида и беше претежок товар да стане принцеза. По неа, Хари ја запозна Меган, а таа се врати кај нејзиното поранешно момче, Хари Вентворт-Стенли, со кого наскоро ќе се омажи.
Бидејќи Хари и Кресида останаа пријатели, таа беше гостинка на неговата свадба со Меган во 2018. година, а поранешната девојка сега одлучи да ја возврати поканата и да го покани на својата свадба.
Потврдено е дека Хари дефинитивно ќе биде на списокот на поканети гости, но прашање е дали ќе дојде и Меган. Поточно, извори блиски на кралското семејство тврдат дека Меган е доста љубоморна и не се чувствува пријатно во друштво на неговите поранешни љубовници.
Наводно, војвотката не била воодушевена кога дознала дека поранешните девојки на Хари ќе дојде на нејзината венчавка. Од оваа причина, била поканета само на церемонија во црквата, додека и било забрането да присуствува на приватната забава.