Дали за добро здравје и одржување на витката линија е подобро мрсен сендвич за појадок или прескокнување на утринскиот оброк? Здравиот појадок подразбира нешто друго.
Мрсен појадок
Во една студија, истражувачите сакале да видат како мрсниот појадок влијае на кардиоваскуларниот систем на 20 здрави луѓе, кои, во просек, имале 23 години. Учесниците во студијата јаделе еден ден стандарден сендвич со шунка, јајца и сирење (кој имал 50 гр маснотии и 900 калории), а другиот ден не јаделе ништо за појадок. Оние што јаделе мрсни сендвичи имале помал проток на крв два часа по појадокот бидејќи крвните садови не можеле да се разредат доволно и да снабдуваат кислород во срцето.
Прескокнување појадок
Има нешто полошо од мрсна храна наутро – прескокнување на појадокот. Не само што оние кои го прескокнуваат утринскиот оброк (или го заменуваат со шолја кафе) имаат помалку енергија, полошо расположение и помалку меморија од оние што појадуваат, тие се соочуваат со сериозни здравствени ризици. Како прво, тие имаат дури 450 проценти поголеми шанси да станат дебели, а 21 процент поголема веројатност да добијат дијабетес тип два.
Најдобар појадок
Најдобриот појадок би вклучувал протеини и растителни влакна со малку маснотии, како што се млеко или јогурт со малку маснотии и интегрални житарки. Една студија направи врска со интегрални житарици за појадок и намалување на хормонот за стрес во телото кортизол, што исто така влијае на собирањето маснотии на абдоменот. Само 85 гр интегрални житарки му овозможуваат на организмот дневна доза на влакна, со што се подобрува варењето и се намалуваат телесните масти, што придонесува за подолг живот, поздраво срце и губење на тежината.