Руската манекенка Ирина Шајк имаше тежок период поради раскинувањето со холивудскиот актер Бредли Купер, а сега повторно ужива во секојдневните радости. Поголемиот дел од времето го поминува со нејзината ќерка Леа, а покрај неа е и нејзината мајка Олга.
Така, двете одвоија време за себе и вечераа на морскиот брег, а убавата Русинка со фотографија се пофали на Instagram.
Ирина е многу приврзана кон нејзината мајка која ги воспитала и одгледала неа и нејзината сестра во сиромаштија. Таа била наставничка по музичко, а нејзиниот татко бил рудар кој починал кога манекенката имала само 14 години. Сепак, нивната среќа се насмевна кога Ирина ја забележа агент од модна агенција.