Дали „Euphoria“ е најдобрата серија за ова лето?

popara30 август, 20192min00
euphoria

Серијата „Euphoria“ едноставно немаше никакви шанси за неуспех: прво, ја продуцираше раперот Drake и второ, актерите кои глумат во неа (Zendaya, манекенката Hunter Schafer и влијателната Instagram инфлуенсерка Barbie Ferreira), – се најпопуларните sвезди меѓу „Z генерацијата“.

Не е изненадувачки што рејтингот на серијата е исклучително (и оправдано) висок – нејзиниот рејтинг на IMDb е 8,4, а повеќе од милион луѓе ја изгледале целата сезона за една ноќ.

View this post on Instagram

we love film. also #maddyNATION

A post shared by euphoria (@euphoria) on

Посебно внимание се посветува на стилот и шминката – откако излезе пилот серијата, искрите и надреалните цртежи на лицето веднаш станаа главен тренд за сезоната. Покрај тоа, неверојатниот интерес на јавноста за облеката од „Euphoria“ го натера HBO да дојде до нова идеја: компанијата започна со продажба на примероци на спортските џемпери во кој Rue (Zendaya) беше облечена цела сезона. И, се разбира, се распродадоа за еден ден.

View this post on Instagram

till then

A post shared by euphoria (@euphoria) on

Еден викенд ќе ви биде доволно за наеднаш да ја изгледате целата серија. Како и да е, препорачуваме да го продолжите вашето уживање онолку долго колку што можете, бидејќи втората сезона ќе биде објавена дури следната година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag