Беше 2013. година кога Џорџ Клуни ги повика своите 14 најблиски пријатели и на сите им ја кажа истата работа: “Еј, резервирај го 27. септември во твојот календар. Те поканувам на вечера”.
Треба да напоменеме дека се работи за 14 вистински најблиски пријатели на славниот актер, кој ги стекнал во различни периоди од животот. Во оваа група е и сопругот на Синди Крафорд, но и човек вработен на аеродромот во Тексас кој оди со велосипед на работа.
Џорџ сите ги нарекува „момци“. Тоа се неговите момци, секогаш тука за него, оние кои први ги добиваат добрите и лошите вести.
Така, на 27. септември момците се собраа на добро познато место – во трпезаријата на Џорџ Клуни.
Таму, на маса, наидоа на 14 скапи дизајнерски ташни. Тие беа збунети, а потоа Клуни проговори.
– Слушнете. Сакам да ви покажам колку ми значите и колку сте важни во мојот живот. Дојдов во Лос Анџелес без ниту еден долар и спиев на каучот кај некој од вас. Јас сум навистина среќен што ве имам во животот. Денес не би бил тој што сум, ако не бевте вие. Затоа ми е важно да ви возвратам. Отворете ги куферите “, им рече тој.
И понатаму зачудени, тие ги отворија чантите. Во секоја од нив имаше по 1 милион американски долари во банкноти од по 20 долари.
По првичниот шок на неговите пријатели, Клуни продолжи: – Добро знам дека сите поминавме низ разни неволји. Некои од вас сѐ уште се во неволја. Сега, веќе не треба да се грижите за своите деца. Не мора да се грижите за школувањето, не мора да се грижите за кредитите – рече Клуни, кој исто така плати данок на овој подарок за да им помогне на своите пријатели навистина да остане по милион долари. Ова значи дека само данокот го чинел 3,5 милиони долари.
Еден од пријателите што присуствуваше таа вечер беше Ренди Гербер, сопругот на Синди Крафорд, кој се обиде да го одбие подарокот. Тогаш Клуни ги условуви – ако само еден од нив го одбие подарокот, сите ќе останат без подарок. Така, Ренди најде компромис – го зеде подарокот, но веднаш го донираше во сиропиталиште. Гербер, на свадбата на Џорџ Клуни и Амал рече:
– Еве, ова е Џорџ. Беше 27. септември 2013. година. Денес е 27. септември 2014. година, и тој денес се жени со Амал. Ова е пример за добра карма и фактот дека доброто со добро се враќа!