Поранешниот сопруг го преболи со брзнина на светлината и веќе започна нова врска за која зборува целиот свет.
Разводот на Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт по само осум месеци брак веќе некое време е главна тема во медиумите ширум светот, а изгледa дека пејачката комплетно е незаинтересирана за целиот скандал.
Имено, пејачката веќе ужива во новата врска со девојката Кејтлин Картер.
Жените кои се во центарот на вниманието на јавноста околу разводот што го следат медиумите, пронашле утеха една во друга.
Медиумите известуваат дека тие отишле еден чекор подалеку и почнале да живеат заедно. Извор близок до пејачката откри дека Мајли се чувствува многу подобро и дека покрај Кејтлин повторно е среќна.