Откако беше откриено дека е ограбен домот на Тамара Еклстон, медиумите пренесуваат за сомнежите на наследничката и нејзиниот татко.
Поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Еклстон и неговата ќерка Тамара, се чини дека веруваат дека некој нивни близок е виновен што од домот на Тамара во Лондон е изнесен накит вреден 60 милиони евра. Славната наследничка, нејзиниот сопруг и ќерка не биле во нивниот дом во моментот на грабежот, а нејзиниот татко верува дека грабежот го организирал некој од „внатре“. Како што истакна тој, малку е веројатно дека крадците би можеле да се снајдат во куќа со 57 соби!
– Ги немам сите податоци во врска со истрагата, но имајќи предвид какво е обезбедувањето на Тамара, морам да претпоставам дека ова го смислил некој од некој „внатре“. Ужасно е тоа што се случи, само мило ми е што семејството беше на пат – изјави Берни Еклстон за англиските медиуми.
Судејќи според тоа што Тамара го објави на Инстаграм по грабежот, таа го дели мислењето на нејзиниот татко. Имено, славната наследничка напиша цитат од евангелието на Лука, во кој се потенцира дека ништо не може да се скрие.