Познатиот рапер е убиен во својот дом
20 февруари, 20200
Младиот американски рапер Pop Smoke е убиен во неговиот дом во Холивуд Хилс.
Двајца непознати и маскирани напаѓачи влегле во домот на 20-годишниот музичар во раните утрински часови. Истрелале неколку куршуми во него, по што побегнале од местото на настанот.
Полицијата сè уште не ги уапсила или идентификувала осомничените, а не е познато дали раперот ги познавал убијците.