Рејчел Буш изградила опасно заносна кариера како инфлуенсерка на Инстаграм. Да, тоа е навистина можно.Но не само што изградила свој голем бизнис, туку и убаво се омажила- за американскиот фудбалер Џордан Поер.
Во овие тешки времиња таа го привлече вниманието со тоа што ги праша интернет корисниците (а нејзе ја следат 1,3 милиони луѓе) дали се во карантин, но тоа го направи на многу сладок начин-облечена во минимално жолто бикини.
Рејчел одела на училиште во Јужна Флорида кога почнала да споделува слики од себе во бикини. Луѓето почнале да ја следат, а со големиот број на следачи доаѓаат и платените промоции, односно платените појавувања на социјалните мрежи.
“Сите го осудуваат она што го гледаат на социјалните мрежи, но не сфаќаат дека 85 проценти од мојот живот е нешто друго.”
Ја разбираме Рејчел во целост, би сакале во живо да и кажеме дека сочувствуваме со нејзините проблеми.
Она што е посебно интересно е нејзината десничарска идеологија која вклучува и силна христијанска вера.
Вели дека луѓето и приоѓаат и коментираат дека објавува неприкладни фотографии на Инстаграм.
“Луѓето велат, го ставаш твојот задник на социјални мрежи, а јас им одговарам дека и Адам и Ева биле голи и дека тоа нема никаква врска со мојата политичка идеологија”.