Големите сили за прв пат ќе научат нешто и од нас

popara2 април, 20201min00
Capture

Го гледам Ицке, па Бил Гејтс и мат давам со Заев. Тројцата најупатени во денешнава пандемија ситуација. И правам анализа. Ицке вика длабока држава е зад оваа корона ситуација и светот ќе пати, поготово најсиромашните, Гејтс па зборува, сме ги занемариле вирусите со години и затоа оваа криза ќе била подлабока и од таа од 2008ма, за Зајко да даде гол во последна секунда: кризата ќе ја надминеме со пакетот мерки што Оливер гордо ни го прочита завчера. Значи не е Вучиќ Супермен, туку Зајко е и Бетмен и Ајронмен заедно. А двајцата биле најјаки барем како што зборат децата низ маало.
Е Вучко Вучко. Ти ги намоча Зајко наш твоите 5 милијарди евра и тоа со само еден штос.
Велат во Групер била финтата, само сега не ја кажуваат за другите да не не ископираат.
Значи народе мој. Нема мака. Ич да не се секираат и тие неколку илјади до сега што изгубија работа, и тие на кои платите им ги намалија за 50/60 и 70 посто. Пензионери!!! Гајле да немате. Пензии и тоа зголемени ќе добиете веднаш после вториот квартал. Ќе изгубат работа уште 30—40.000 до крај на пандемијата, но проблем ќе нема!!! Ќе ни дадат Зајко и Оли од купчето што остана. Тоа брендираното. Само ќе си ќутите. Ке биде од оној кеш што нашите газди најпоштено си го заработија во годините што изминаа. Платен си беше данокот на сите добивки , така да тука нема ништо нелегално!!!! Кој каже поинаку да му се искриви петелот!!!
Но има тука еден мал заеб. А што ако не стигнат овие со пот и мака стекнати парички? Или Орце и како Орце слични нека му ја мислат. Па нема сигурно ние да се замараме со вакви ситници. Значи апел до судот. Што е сигурно сигурно. Ќе Ве молиме навреме да го пуштите Боки. Ќе им треба, а и најдобро си ја знае работата. Да не грешам душа, така е.
Се виде сега недостатокот од Боки. Ееее. Да беше Боки надвор од Шутка, ни денар немаше да коштаат летовите за прибирање на нашите од надвор. А не за ситни парички да се брука и Рашковски а и ние да се тревожиме на ситно, не оди. Земал по 10.000 евра од лет зборат. Не Ви е срам? Ви фали малку достоинство? Би се плеткал ли човекот за тој ситниш за да го плукате по разни пресови? А и да земал. Не ги зел за себе. Собираат кеш за да ни го раздадат сега во кризата!!!
Да се чудат и Ицко и Гејтс а богами и Трамп и Меркел. Цел свет се задолжи, а нас мува не не лази! Пакет мерки за во учебник.
Само едно ме плаши. Да не ни го земат Боки овие од надвор со некој трансфер, па да ни остане владата без најдобриот голгетер. Кој после тоа ќе ни го гледа гревот.

Голем поздрав и до читање утре
Корона нејшн Северџан

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag