Google ја најави новата “Camera Go” која е направена да работи најдобро на послабите уреди. Изгледот е сличен како на Pixel, дури ја има опцијата “portrait”.
Апликацијата Camera Go доаѓа со неодамна најавениот телефон Nokia 1.3. Се разбира, апликацијата Camera Go ќе биде достапна и за други уреди со Android Go. Апликацијата ветува дека уредите кои се многу послаби ќе можат да фотографираат висококвалитетни фотографии, но без да ја преоптоваруваат нивната внатрешна меморија.
Апликацијата е оптимизирана за уредите кои доаѓаат со 1 GB RAM меморија, но нема да поддржува HDR и ноќен режим
Веруваме дека апликацијата ќе биде достапна во продавницата на Google Play веднаш по лансирањето на телефонот Nokia 1.3. Nokia 1.3 се очекува да излезе овој месец.