Јас сум премногу млада за да умрам…
Инструкторката, Хилари Бентвуд (49), имала рак на на грлото на матката и неодамна скоро што не починала од корона вирус, бидејќи сметала дека симптомите што ги чувствува се предизвикани од хемотерапијата која ја прима.
Хилари управува со студио за вежбање во Лондон, заедно со својот пријател. Таа завршила во болница минатиот месец поради замор, треска и отежнато дишење.
Бидејќи била на хемо-терапија уште од почетокот на епидемијата, таа знаела дека КОВИД-19 може да ја убие, но сметала дека е „премногу болна за да го добие и вирусот“.
Така, три недели од почетокот на хемотерапијата, таа се вратила на работа. Во студиото таа работела со својот најдобар пријател и деловен партнер, Шерон (47).
„Кога при хемотерапија ќе добиете температура над 37,5 треба да одите на лекар или да одите во ургентно одделение затоа што вашиот имунитет е преслаб и нивото на белите крвни клетки драстично опаѓа“, изјавува таа. По три дена и било кажано во болницата дека тестот за корона вирус е со позитивни резултати.
Имала неконтролирана кашлица и отежнато дишење, а лекарот со кого постојано била во контакт за туморот, одлучил да не и каже колку се големи шансите таа да умре.
Таа е искрено благодарна за ова, затоа што е „клучно за неа да остане смирена“ поради нејзината дијагноза со тумор.
Само и било кажано колку е лоша прогнозата и статистиката кај пациентите на хемотерапија кои исто така го имаат вирусот Корона.
Кога била пуштена од болница, Хилари била прво во самоизолација, но постојано контактирала со својот пријател и колега Шерон.
Двајцата, како и многу други, биле принудени да го затворат своето студио заради криза со вирусот, но брзо се прилагодиле на работење од дома и создале можност за вежбање на интернет по барање на нивните членови во клубот.
– Дијагнозата за карцином беше огромен шок, но пријателите и членовите на студиото продолжија да ми даваат љубов и поддршка, затоа јас продолжувам да се борам.
Мислата на нивната постојана поддршка во текот на изминатите неколку месеци е неверојатно моќна. Знам дека без нив и без Шерон, сето ова нема да помине“, заврши Хилари.