Првиот тенисер на АТП листата, Шпанецот Рафаел Надал изјавил дека Швајцарецот Рожер Федерер, му е најголем ривал и дека најмногу сака да игра против него.
Надал рекол дека нивните меѓусебни дуели се исполнети со голема тензија и дека чувствува нешто посебно кога игра финале против Федерер.
“Федерер е џентлмен. Добра работа во врска со нашето ривалство е дека одсекогаш знаевме да поднесеме и победа и пораз” – рекол Надал.
Во меѓусебните дуели на двата тенисери води Надал со скор 17-8, а Федерер последен пат славеше во финалето на Вимблдон 2007. година.
Тој додал дека повеќе би сакал да го види швајцарскиот тенисер во финалето на турнирот во Лондон, бидејќи годинава има негативен скор со Новак Ѓоковиќ (0-4).
“Не мислам дека ќе го загубам секој дуел со Ѓоковиќ до крајот на кариерата, како што нема секогаш да го победувам Федерер. Се зависи од нашата моментална форма.” – додал Надал.