Натпреварувачите на реалното шоу „Големиот брат“ ширум светот излегуваат од шоуто и откриваат колку пандемијата на коронавирус им го променила животот.
Натпреварувачот на Шведскиот „Голем брат“, Даниел Гласман, излезе од шоуто после поминати 50 дена, а при влегувањето во куќата на „Големиот брат“, коронавирусот беше само кинески проблем и во Европа не се зборуваше многу за вирусот.
„Се уште се обидувам да сфатам што се случува. Тешко ми е да прифатам колку се смени светот. Очигледно не можете да бидете изолирани од остатокот на светот 50 дена и да очекувате сè да остане исто. Имав многу длабоко искуство, како и светот“. рече Гласман за Гардијан.
38-годишникот додаде дека поради ограничените информации што доаѓаат во куќата, тој ја потценил целата ситуација, како и другите учесници во шоуто.
„Кога заминавме во изолација, не знаевме во колкава мера се шири коронавирусот во светот. Шведска немаше ниту еден запишан случај. Ние правевме шеги за ситуацијата околу короната, замислувајќи си дека светот ќе изгледа како зомби филм кога ќе заминеме дома“, рече тој.
Продуцентите на шведската емисија решија да го следат примерот на германското шоу, па на натпреварувачите решија да им дадат ограничени информации за пандемијата, иако Глазман тврди дека се потрудил да разбере што се случува надвор од шоуто.
„Бев таму 50 дена. Имав многу малку информации од надворешниот свет. Пред неколку недели, тие започнаа да брифираат за ситуацијата. Тие сакаа да знаеме дека оние што ги сакаме и нашите семејства се безбедни. Се обидоа да нè смират“, рече тој.
Големиот брат во Канада заврши порано поради карантин и наградата беше донирана на организациите што се борат против коронавирусот.