За разлика од нејзините сестри, Кендал Џенер не е склона кон чести промени во бојата на косата, освен за работни потреби.
Но, се чини дека нејзиниот последен изглед на модните писти не беше само привремен.
Манекенката прошета по пистата на ревијата на на Модната куќа Версаче која беше во склоб на Модната недела во Милано со златно-кафени прамени во февруари годинава, а сега ја обои целата коса во иста боја.
На своите сториња на Инстаграм, Кендал објави фотографија од која го гушка своето куче и има посветла коса од било кога, која одлично и стои. Иако не е драстична промена во изгледот, новата боја и даде совршено освежување за време на пролетта, иако таа, како и сите нас, веројатно ќе ја помине дома.