Hulu заеничкиот проект на NBCUniversal, Fox Entertainment Group и Disney-ABC Television Group, е на продажба, барем така тврдат неименувани извори во многуте америкаснки медиуми.
Сервисот кој нуди видео на барење на корисниците во Америка може да го купи никој друг освен Yahoo, пренесуваат медиумите.
Сепак, покрај изворите билиски на двете компании, други официјални докази за ова нема, а одредени аналитичари сметаат дека не постои реална причина поради која Hulu, чиј очекуван приход оваа година изнесува 500 милиони долари, би бил предмет на продажба.
Од друга страна евенталната аквизиција би била добра за Yahoo, компанија која на многу полиња губи во многу области за разлика од конкуренцијата.
Hulu овозможува емитување на телевизиски емисии преку интернет, а од ноември минатата година лансиран е и сервисот Hulu Plus, кој на корисниците им нуди дополнителни содржини за претплата од само 8 долари месечно.