Corona ante portas

popara10 април, 20201min00
corona

Само што се разбудив, траума. Мој близок бил во контакт со заразено лице. Е добро де. Тестот кај другарот негативен. Значи, шансата да сме заразени скоро никакви.
Арно ама имам другар, што ,,од милоште,, си го викам Дунде, како права дунда,дигна паника до небо. Ајдеее. Ќе морало да се тестираме и ние за секој случај.
И што ако се тестираме? Ќе покаже негативен резултат, а веќе за ден два резултатот може да биде позитивен. И што тогаш. Ако немаме симптоми може циркус да направиме по градов а да не сме свесни дека сме заразени.
Што ти е страв. Стравот некогаш може да биде корисен, но никогаш не може и не смее да биде дефиниција. Има ли нешто полошо од страв? Нема. Направени сме сите со една иста смеса, што скоро целото човештво го контролира без пардон. Тоа е стравот. Тој не прави несигурни во себе, а кога ќе ја изгубиш самодовербата… што тогаш? Ионака кревките кичми едвај ги носиме, па зарем и такви какви што се ќе ни бидат вишок? До кога човекот ќе станува пивтија за да можат тие ,,посилните,, да го газат?
И да се обратам до сите обични. Ова спакувано лудило ќе помине. Целта не им беше да не лечат од корона, туку да ни го всадат стравот како основа на нашиот карактер. Само така ќе можат целосно да не контролираат, чипираат..поседуваат и убиваат, се со една цел, да владеат убивајќи си ја досадата од сопствената гнасотија. Потиснете го стравот до максимум, додека не е касно. Затоа што последиците од оваа циркузијада веќе се несогледливи а ќе бидат и многу полоши. Короната е само вовед во нешто многу полошо и поголемо. Да ја премостиме со здрава памет, за да можеме посилни да одговориме на предизвиците кои ни следат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag