Коронавирусот ги бутна Мегзит на колена- ништо од заработувачката!

10 април, 20200
меган хари 12

Пред да се омажи за принцот Хари (35), Меган Маркл(38) заработувала околу половина милион долари годишно како актерка. Милионските суми ги добивала на сметка рекламирајќи разни брендови.

Затоа нејзината вкупна нето вредност се проценува на околу 5 милиони долари. Но принцот Хари вреди пет пати повеќе и парот вкупно има околу 20 милиони евра.

Неговите пари доаѓаат од разни извори и без оглед на тоа што го напуштија кралското семејство, нешто и понатаму ќе добиваат. Она без што ќе останат се неколку милиони долари годишно за патувања и облека, пари кои Хари ги добивал секоја година од принцот Чарлс (71).

Како за пример, помеѓу април 2016 и март 2017 Кејт Мидлтон и Вилијам , како и принцот Хари си поделиле околу 5 милиони евра додаток кој за таа цел го добивале од својот татко.

Принцот Чарлс дел од парите добива од приватен имот кој се вика Корнвол и кој го финансира приватниот живот на кралското семејство веќе 700 години.

Поголемиот дел од богатството на британската монархиија доаѓа од наследеното земјиште и инвестициите. Така, бабата на Хари, Елизабета Втора (93), на тој начин заработува годишно околу 29 милиони евра, од кои дел оделе за Хари и Вилијам, како и за принцот Чарлс и неговата втора сопруга Камила.

Освен тоа, принцот Хари служел и во британската Кралска авијација 10 години. Како пилот на хеликоптер во воениот воздушен корпус заработувал околу 70 илјади евра годишно. Значи, кога се ќе се собере, Хари денес располага со имот од околу 25 милиони евра.

Меган и Хари веќе почнале да ја планираат својата финансиска независност. Хари разговарал со претставници на две моќни финансиски куќи, кои би требало да ги советуваат како да управуваат со финансиите и каде да ги вложуваат парите за да ги оплодат.

Но во овој период берзите паѓаат и прашање е кога ќе им се врати вложеното. Со оглед на тоа дека кралството живее исклучиво од даноци, забрането им е да бидат вработени, но за Хари и Меган тоа повеќе не важи. Така, Меган би требало да почне да работи во Холивуд и да продолжи со актерската кариера, но во моментов ништо од тоа не може да се реализира поради пандемијата од коронавирусот.

Сепак, од пред една недела на платформата на Дизни, Дизни+ се прикажува документарниот филм “Слон” во кој Меган е нараторка. Документарниот филм го следи семејството на слонови на нивното патување во Африка, долго 1800 километри на кое добиваат принова.

Од овој проект Меган би требало да покрие барем дел од минатогодишните трошоци од неколку стотици илјади фунти кои ги потрошила на малиот Арчи. Наводно, по породувањето, на одмор семејството потрошило околу 30 илјади евра, а одморот го поминале во Хекфилд Плејс.

Но кога ќе се пребројат трошоците за дадилките, облеката, храната, па потоа, за образованието на детето…трошиците се искачуваат на милион фунти, сума којашто би се потрошила додека Арчи не почне да заработува сам.

Хари и Меган потрошиле околу 300 илјади фунти за реновирање на куќата во Фрогмор Котиџ. Вградиле зелена енергија, камин, подно греење…Пред да се вселат во својот дом во Кесингтон на нивните соби било потрошено околу 3,5 милиони фунти, а тие не живеат повеќе таму. Подоцна кажале дека се подготвени со сопствени пари да подмират дел од трошоците за тоа реновирање кое одело на сметка на даночни обврзници.

Меган е модна икона и кога таа нешто ќе облече, милион жени ширум светот сакаат да го имаат тоа. Но нејзините модни комбинации понекогаш се прескапи за сечиј џеб. На себе таа носи комбинации кои вредат и по неколку илјади долари, но Меган изгледа подеднакво елегантно и облечена во Зара или некој сличен евтин бренд.

Но, во кралската куќа годишно на облека трошела околу 100 илјади евра. Кога минатата година забременила, потрошила околу 50 илјади евра на облеки за трудници.

Трошат и на патувања. Се одморале на островот Ванкувер во Канада во раскошен дворец и имот со површина од 10.000м2. Но исто така, знаат и да одмаат и во Норвешка, во Тромвик во дрвена куќичка која бреку Airb’n’b може да се изнајми за 400 евра од ноќ.

Меган сака и здрава храна па многу пати нагласувала дека сака да готви сама, за себе и за Хари. Освен во здравата храна, тие сакаат да уживаат во скапи вина. Нејзино омилено вино е Tignanello, а шише од ова вино чини околу 150 евра.

На крајот-околу 11 милиони долари платиле за новиот дом во Малибу, што значи дека добар дел од нивниот имот е веќе потрошен. Како ќе заработуваат понатаму за животот на висока нога, останува да видиме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi