Хари и Меган Маркл се преселија во Лос Анџелес, а секој ден се шират нови информации за некогашната кралска двојка. Овој пат, тие имаат врска со популарната актерка Анџелина Џоли.
Меган сега сака да ја прошири својата улога како раскажувач во документарецот на Дизни со актерката Анџелина Џоли, на која и се восхитува. Таа сака таа да биде нејзин ментор во актерството. Џоли глуми исто така во филмот Дизни.
„Меган има почит кон Анџелина, како лично, така и професионално. Таа и се восхитува како успеа да ја балансира својата работа за добротворни цели и успешната кариера, и воедно одгледува шест деца“, изјави извор близок до Маркл.
Слично мислење има и Анџелина за Меган, која изјавува дека сака да го одржи пријателството со војвотката. Таа се надева дека ќе запознае нови пријатели во Лос Анџелес, а како што тврди изворот, Меган е нејзината најдобра опција. Тие се сретнале неколку пати до сега.