Група праисториски мајмуни најверојатно го преминале Атлантскиот Океан на природно формирани сплавоови пред 35 милиони години, според студијата во која се анализирани фосилизираните заби на овие цицачи пронајдени во Перу.
Според истражувањето на CNN, мајмуните дошле од Африка и се населиле во Јужна Америка.
Научниците веруваат дека групата мајмуни од видовите Ucayalipithecus perdita патувале околу 1.500 километри од Африка до Јужна Америка, преку Атлантскиот Океан, кој во тоа време бил потесен. Тие го преминале Атлантикот на природно формирани сплавови составени од лебдечки острови со вегетација формирана со одвојување од брегот, најверојатно за време на олуја, велат научниците, пренесува Танјуг.
Ерик Зајферт, лидерот на тимот, кој учествуваше во оваа студија, тврди дека таков напор е тешко да се постигне кога станува збор за поголеми цицачи, но дека многу мали животни како мајмуните „Укајалипитекус“ би можеле да ја преминат оваа патека, бидејќи на нив им треба малку храна и вода што овие природни сплавови можат да ја обезбедат.
Зајферт верува дека овие природни сплавови може да носат и исправени дрвја што може да содржат овошје што претежно ги хранеле мајмуните Ucayalipithecus perdita.
Ако овие мајмуни навистина се најдени на ваков сплав, многу е веројатно дека би можеле да преминат толку големо растојание, вели тој.