Тим од археолози наводно пронашле во централниот дел на Африка место во кое се закопани таинствени суштества, а скоро и да се сигурни дека не станува збор за луѓе. Гробницата е стара барем 500 години, а во близина се пронајдени и остатоци од човечки живот.
Во околу 40 гробници научниците пронашле прекиу 200 сочувани тела од непознат вид, пренесува Pravda.ru. сите суштества наводно се високи преку 2 метри, главите им се непропорционално големи, а немаат уста, нос, ниту очи.
Научниците веруваат дека станува збор за вонземјански суштества. Ова не е прво вакво откритие, неколку кинески научници забележале слично наоѓалиште во 1937 година, кога во пештери нашле слични вакви костури.
Тогаш тие и откриле необични цртежи во близина на телата, од сонце, ѕвезди и други небески тела, на тие камени плочи имало напишана приказна.
Писмото е дешифрирано години подоцна, а наводно го опишува настанот кој се случил пред 12.000 години, кога летечкиот објект паднал во планиско подрачје на кое се пронајдени костурите.
Слични суштества се пронајдени и во Турција и Египет. Иако телата се разликуваат во вина, сите имаат големи глави.
Сепак, се уште не е одгатнато за кави точно суштества станува збор. Теоријата дека се работи за вонземјани не е единствена.