Дизајнерот Дилан Конард излезе со интересна идеја и со нов дизајн на улични знаци со упатства за заштита од корона вирус, кој треба да ги потсети граѓаните на издадените препораки во врска со спречувањето на ширењето на COVID-19.
Креативниот директор на Cannon Design создаде 10 улични знаци поставени низ New York за да ги охрабри граѓаните да ги следат упатствата за време на епидемијата на корона вирус.
Според порталот dezeen.com, дизајнерот дошол до оваа идеја шетајќи низ празните улици на Бруклин. Соочен со новата ситуација, тој реши да ги потсети граѓаните за важноста да се придржуваат кон правилата, но за жал e премногу доцна.