Заробени на Малдиви: Млад брачен пар се соочува со огромни сметки

popara13 април, 20201min00
Maldivi

Глобалната пандемија не натера сите да ги затвориме домовите во страв од корна вирусот…

Додека многумина од нас уживаат во удобноста на нашите куќи или станови, една двојка е дефинитивно посреќна од нас. Зборуваме за Оливија и Раул де Фреитас, кои во моментов се заглавени во хотел со пет sвезди на Малдиви.

Двојката скоро се венчале во Јужна Африка, каде и двајцата се жители, а потоа тргнале на нивниот меден месец на Малдиви, на 22-ри март. Сепак, она што првично требало да биде шестдневно патување без премногу екстраваганција, сега станува продолжен одмор. Додека другите гости се враќале во своите држави, парот не можел да го стори тоа затоа што Малдиви, како и нивната држава, забраниле меѓународни летови пред да станат свесни за состојбата.

После неколку дена, амбасадата на Јужна Африка ги известила дека околу 40 нивни сограѓани исто така престојуваат на Малдиви и дека можат да изнајмат приватен авион на сопствен трошок и да се вратат дома, по цена од 140.000 американски долари, но тој лет се уште не добил државно одобрение , додека голем дел од нив немаат пари да го платат. Ова значи дека овој пар ќе остане да гостува во познатото одморалиште, што ги чини 750 долари на ден.

Коментирајќи ја ситуацијата, Оливија вели: „Секој од нас сонува да биде заглавен на тропски остров, но ние навистина сме заглавени. Тоа звучи добро само ако можете да заминете! “. Покрај тоа, оваа двојка не е сигурна како ќе ги покрие трошоците за престојот, кој од ден на ден се зголемува.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma