Сигурно сте приметиле дека некои сонови ги сонуваме почесто од другите. Заради некои се будиме во паника и препотени, а некои ни оставаат многу силен впечаток, иако не се страшни. Доктор Лори Ленбер, аналитичарка на сонови објаснила зошто сонуваме некои од следниве сонови и што всушност тие значат.
Сон дека сте повторно во училиште и полагате тест
Овој сон обично е поврзан со работата, зашто училиштето ја симболизира нашата прва “работа” во животот. Обично го сонуваме кога на работа сме пред некој голем предизвик, под стрес или имаме проблем во комуникација со колегите или претпоставените. Ваквите ситуации ни создаваат чувство како да сме пред тест, па затоа и сонуваме вакви сонови.
Сон како се дружите со славна личност
Без разлика колку и да ви се чини бесмислено појавувањето на славна личност во вашиот сон, тоа и не е така бесмислено. Тоа би можело да означува нешто многу важно на сублиминално ниво. Може да е филм кој ве трoгнал, а во кој играла таа личност, песна која ја испеала личноста од сонот, книга која ја напишала, а ви оставила впечаток.
Сон каде партнерот ве изневерува
Доколку во минатото сте имале неверства, веројатно овој сон ќе го сонувате почесто од другите луѓе кои немале вакво искуство, бидејќи тоа чувство долго време сте го потиснувале. Она што е важно да знаете е дека соновите не се пророштва и не ја предвидуваат иднината.
Овој тип на сонови може да покажуваат недостаток на доверба во сегашната врска, но и љубомора и посесивност. Сонот за неверство може да се сонува ако сметате дека не ви се обрнува доволно внимание кое го заслужувате. Но исто така,овој сон може да ве поттикне да работите на нешто кое треба да го поравите кај вас.
Сон дека доцните кога е нешто многу важно
Доколку работите работа која е врзана со рокови, веројатно ќе сонувате вакви сонови. Доколку немате работа со рокови, веројатно се работи за самонаметната цел или самопрекор заради нешто што не успевате да го направите, а ви е важно- да почнете да држите диета, да почнете да вежбате, да престанете да пушите…
Сон дека сте бремени
Дури и да не се обидувате да имате деца, овој сон е многу позитивен. Тој е показател дека во вас нешто расте и созрева, а може да се однесува на било што.
Сон дека одите по скала и одеднаш паѓате
Соновите за паѓање и пропаѓање можат да бидат поврзани со чувство на преокупираност и страв од губење на контролата. Може да значат и чувство дека немате доволно поддршка , а може да биде поврзан и со некоја стресна ситуација.
Сон дека сте останале без глас и не можете да повикате помош
Овој сон во некои ситуации може да не е само сон, туку може да биде и последица на парализа на сонот. За време на РЕМ фазата нашите рецептори се парализирани за да се спречи мрдање додека телото се одмора и сонува, а тоа е сосема нормална појава. Но, кај некои луѓе се случува да се разбудат пред завршување на РЕМ фазата, додека рецепторите за движење сè уште не се активирале, што создава чувство дека сме парализирани и без глас. Ова искуство често може да се протолкува како сон, а всушност не е. Парализа на сонот, според некои експерти, може да биде многу страшно искуство.
Сон дека сте голи во јавност
Вакви сонови најчесто се резултат на чувство на некој вид на срам и непријатност. Исто така може да го сонуваат некои луѓе кои се чувствуваат изложено и ранливо. Но ако сонувате дека сте голи во јавност, а притоа не се чувствувате непријатно, тоа може да е позитивен знак,бидејќи може да укажува на амбиција.
Сон дека ви паѓаат заби
Овој сон е типичен за анксиозните лица кои на овој начин ја манифестираат својата анксиозност. Најчесто овој сон се поврзува со загриженоста за сопственото здравје, способности, сила и т.н. Но овој сон исто така може да се поврзе и со некои подрастични промени во животот, како селидба, промена на работата или партнерот.
Сон дека некој ве гони
За овој сон е многу важно кој ве гони. Доколку ве гони чудовиште или друго нереално суштество, тоа може да значи дела сте под влијаније на некоја зависност (дрога, алкохол..) , дека сте некој индискретен однос кој морално ве мачи. Доколку сонувате дека ве гони некое познато лице може да значи дека вашата лична состојба е персонифицирана во некоја личност, но внимавајте- во соновите луѓето можат да бидат замена за други луѓе, или за нас самите.
Сон дека сте важна личност-крал, претседател, директор…
Сон во кој сте на моќна позиција најчесто сонуваат луѓе на кои вообичаено им недостасува моќ. Ваквите сонови се еден вид на компензација за чувството на недостаток на моќ во реалниот живот.