Тони Кукоч, славниот хрватски и југословенски кошаркар, крена многу прашина со својата изјава за Мајкл Џордан и Коби Брајант и споредбата на нив двајца.
“Коби Брајант беше класична копија на Мајкл Џордан и тоа го става малку настрана. Тие играа на иста позиција. Тие беа физички многу слични, а факт е дека Коби само го копираше Џордан, а со тоа ја доби и неговата психа.
Наскоро излегува документарен филм за Џордан, а во тие десет епизоди луѓето ќе можат да видат колку постоеше сличност меѓу двајцата. Чудо на природата, тој понекогаш спиеше само три часа и потоа доминираше на теренот со невидена енергија “, рече Кукоч.
Интересно е што Џордан изјавил дека Кукоч важи за најдобар европски кошаркар на сите времиња.
„Ако лажеше, добро излажа, ха, ха, ха. Што е со Џордан? Тој е најдобриот играч на сите времиња. Тој е репер од каде започнува сè“, истакна Кукоч “.
Кукоч и Џордан играа заедно за Чикаго Булс и имаат земено 3 шампионски титули во НБА лигата