Направил велигденски јајца во форма на Ковид-19

popara13 април, 20201min00
kolaci korona

Францускиот слаткар направил велигденски јајца во форма на корона вирус.

Шегите за глобалната пандемија и пронаоѓањето на позитивната страна на целата приказна се две сосема различни работи …

Француски слаткар се обидел да извади нешто добро во оваа лоша ситуација, но според многумина, тој избрал погрешна тема за шегување.

Слаткарот Жан-Франсоа Пре, дизајнирал велигденски јајца во форма на вирусот корона, како што можеби веќе претпоставивте.

Тој почнал да работи на оваа идеја од шега, затоа што бил уморен од слушање на вести за смртоносниот вирус. Сепак, она што започнал како забава се претворило во вистински проект, кога добил неколку нарачки за велигденски јајца во форма на Ковид-19. За да ги оживее и да им даде форма, тој користи 3Д слики од вирусот и потоа ги претвора во чоколадно јајце, кое подоцна го украсува со црвени бадеми, за да формира протеински елементи на вирусот.

Според извештаите, Пре успешно продал повеќе од десет од овие креации, додека клиентите се всушност фасцинирани од неговата идеја. Во денешно време многумина сметаат дека е важно да се најде причина за смеа и начин да се надмине стравот, исполнет со загриженост и депресија.

Што мислите – дали е ова симпатичен потег или потполно невкусна шега?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag