Велигденската трпеза нуди толку слатки деликатеси на кои е тешко да се одолее. А со конзумацијата на многу храна доаѓа и непријатната надуеност. Но, не мора да се штедите во уживањето во велигденските јадења, бидејќи постои рецепт за пијалок со кој надуеноста ќе исчезне за миг.
Велигденски јајца, месо, кромид, крем салати- кој би можел да одолее на сите овие мамки за непцето! Но, по обилниот велигденски оброк, следуваат надуеноста и гасовите.
За да ги одбегнете проблемите со варење, еве еден рецепт за зелено смути кое ќе ви помогне. А ова се состојките:
1. Ананас– го олеснува процесот на разградување на храната во организмот, го намалува апетитот, а благодарение на големото дејство на влакната, го забрзува метаболизмот на дебелото црево ( а тоа значи рамен стомак) и е одличен извор на Ц витамин и манган.
2. Нането е исто така познато по своите својства за спречување на надуеност и подобрување на варењето. Одлично е за отстранување на чувството на тежина во стомакот, го смирува желудникот и спречува грчеви и гасови во желудникот.
3. Ѓумбирот е исто така одличен во спречување на гастроинтестиналните проблеми. Спречува создавање на гасови и грчеви во цревата. Може да ги олесни мачнините и спречува повраќање. По конзумирањето, ѓумбирот влегува право во гастроинтестиналниот систем и ги неутрализира киселините, хормоните и токсините.
4. Куркумата е одличен антиоксидант и помага кај проблемите со варење, како што се надуеноста и гасовите.
5. Спанаќот е богат извор на железо, калциум, витамин А, Ц и други витамини. Витаминот А и Ц се заслужни за најголемиот дел од лековитите својства на спанаќот.
По желба:
Алое Вера го смирува и прочистува системот за варење и помага кај опстипација. Оваа зелена моќна билка се препорачува и кај лекување на чир на желудник, синдром на иритабилни црева, целијакија и Кронова болест.
Состојки за пијалокот кој ја намалува подуеноста:
– 100 грама спанаќ
– 30 грама свежо нане
– 100 грама ананас
– половина јаболко
– 2 лажички мед
– парче свеж ѓумбир, излупен и измелен или изрендан
– ¼ лажичка куркума во прав
– ¼ лимета
– 2 децилитри вода
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер, измешајте и- на здравје!