Оваа диета се базира претежно на зеленчук и месо. Предноста на оваа диета е што не морате да исфрлате ниту една група на намирници, а ниту количината ви е ограничена.
Диетата трае седум дена, но тоа не значи дека не можете да продолжите со овој режим на исхрана и понатаму.
Појадокот е секој ден ист, а се состои од грејпфрут, кафе или чај без шеќер, парче препечен леб или тост.
ПРВ ДЕН
Ручек: мешано месо, домат, кафе, лимонада без шеќер
Вечера: риба од конзерва или на скара, салата од свеж сезонски зеленчук, варен зеленчук, тост, грејпфрут
ВТОР ДЕН
Ручек: овошна салата, дозволени се сите видови на овошје, не е важно дали е суво или свежо
Вечера: ќебапчиња, домат, целер и маслинки
ТРЕТ ДЕН
Ручек: салата од туна прелиена со лимон
Вечера: бифтек или некое друго месо на скара, сезонска салата
ЧЕТВРТИ ДЕН
Ручек: две варени јајца, сирење
Вечера: варено пилешко месо, или на скара, свежа сезонска салата, тост
ПЕТТИ ДЕН
Ручек: сирење, варен спанаќ, тост
Вечера:риба од конзерва или на скара, мешана салата, варен зеленчук, тост
ШЕСТИ ДЕН
Ручек: овошна салата
Вечера: варено пилешко месо, или на скара, мешана салата
СЕДМИ ДЕН
Ручек: варено пилешко месо, или на скара, домат, варен зеленчук, грејпфрут
Вечера: месо на скара, краставица, целер, домат