Benihana (американска компанија со ланец на јапонски ресторани) има навистина многу познати сосови, а сосот од ѓумбир дефинитивно не е исклучок. Овој сос е познат по тоа што е одличен придружник на зеленчукот, месото и морската храна.
Овој Benihana сос е одличен за секого, не одзема многу време, и содржи само пет состојки што веројатно веќе ги имате во вашата кујна! Ќе го направите брзо и многу лесно, а потоа ќе ни бидете благодарни.
Еве ги состојките кои ви се потребни:
2 лажици свеж рендан ѓумбир
1/2 чаша бел оцет
3/4 чаша сос од соја (користете масло од кокос или тамари (соја сос) за опција без глутен)
1 кромид – сецкан
1/4 чаша свеж сок од лимон
Насоки за подготовка:
Изрендајте го ѓумбитот и исецкајте го кромидот.
Измешајте го белиот оцет, сосот од соја (или маслото од кокос) и свежиот сок од лимон.
Ставете ги сите состојки да се блендираат заедно една минута или пак додека не се добие убава изедначена смеса.
Ставете го сосот во сад и нека седи во фрижидер за да се олади.
За да го подготвите овој сос ви требаат само 13 минути. Потоа може да уживате во одличниот вкус!