Со овие навики, хипертензијата може да се надмине: 4 совети од најпознатиот кардиолог Марк Френклин за здравo срцe!

popara16 април, 20201min00
krven pritisok

Зголемениот крвен притисок или хипертензија, со причина се нарекува „тивок убиец“. Воглавно нема никакви симптоми или има некои знаци кои претежно се игнорираат, како главоболка, тинитус или заматен вид.

Доколку не се лекува, високиот крвен притисок може да предизвика многу други компликации како што се срцев удар, оштетување на бубрезите, мозочен удар, губење на видот, но исто така да има и фатални последици. 

Ако ви е дијагностицирана хипертензија, лекарите ве советуваат да се придржувате кон:

Потребни се промени во начинот на живот и зголемена физичката активност. Со прекумерна тежина се оптеретува срцето, па затоа е неопходно губење на тежината, а во некои случаи може да биде и единствен начин на лекување. Треба да се избегнува храна која содржи многу сол, како што се конзервирана храна и закуски. 

Кофеинот и никотинот се најстрого забранети

Кофеинот предизвикува кратко, но драматично зголемување на крвниот притисок и кај лицата со нормален крвен притисок и кај оние со хипертензија. Покрај тоа што може да предизвика зголемен притисок, исто така може значително да го намали и ефектот на лековите.

Никотинот е исто така ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања затоа што е метаболички активен, што значи дека го менува нивото на хормоните во организмот како што се адреналин, ендорфин, хормон за раст, пролактин и го зголемува холестеролот во крвта, што предизвикува застој на крвните садови.

„Ако ги следите овие правила, вие сте на добар пат. Лекувањето или ублажувањето на последиците и намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни заболувања е сигурно”, вели кардиологот Марк Френклин.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag