Кина го сокрила појавувањето на коронавирусот, вели поранешен агент од МИ6!

popara16 април, 20201min00
MI6

Кина сокрила од светот важни информации поврзани со коронавирусот и треба да одговара за нејзината измама, вели поранешен шеф на Британската Разузнавачка служба МИ6.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го стопира финансирањето на Светската Здравствена Организација (СЗО), која, како што изјавил Трамп, и помогнала на Кина во “дезинформациите” поврзани со вирусот.

Џон Соерс, кој бил шеф на Британската Разузнавачка служба МИ6 од 2009 до 2014 година, рекол дека подобро е да се обвини Кина отколку СЗО.

“Америка е лута и гневна, од она што го гледа и што ни е нанесено од страна на Кина, а Кина избегна голем дел од одговорноста за потеклото на вирусот, и потфрли при справувањето со него на почетокот”, изјавил Соерс за BBC.

“Разузнавањето претставува собирање на информации, кои во случајов всушност биле сокриени од вас, од страна на други држави и други актери, имало период помеѓу декември и јануари кога Кина навистина го криеше ова од Западот.”

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag