Заразен доставувач на пица ставил во карантин 89 лица!

popara16 април, 20201min00
pica

19 годишен разнесувач на пица позитивен на вирусот Ковид-19 во Делхи, Индија ставил во карантин 89 лица, од кои 72 се жители на Јужен Делхи кај што доставувал пици.

“Вкупно 17 лица, вклучувајќи го и сопственикот на ресторанот и останатите разнесувачи се ставени во институционален карантин. Ресторанот е затворен”, изјавил окружниот градоначалник, Б.М.Мишра.

“72 лица кај што заразениот извршил достава се ставени во домашен карантин. Сите овие домаќинства се на радиус од 5 километри од Малвија Нагар”, додал тој.

Градоначалникот Мишра кажал дека доставувачот носел маска и ракавици додека работел, а тој во моментот е на болничко лекување. “Се обидуваме да откриеме на кој начин се заразил со вирусот”, рекол тој.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag